за пилатес

  • Цел на пилатесот е повторно да се воспостави природна рамнотежа на мускулите. При вежбање скратените мускули се издолжуваат а нивните парни мускули кои ослабеле се зајакнуваат. Најпрво, при прецизно изведување на основните вежби исклучувајки преоптеретливи мобилизатори. Кога се во прашање едноставни вежби за зајакнување на стомачните мускули, тоа значи : за време на вежбањето не го подигате само горниот дел на телото туку истовремено се внимава на бутовите , задникот и вратот да се опуштени а сепак да не му помагаат на стомакот. На тој начин посебно се активираат длабоките стомачни мускули. Во понатамошното вежбање се обрнува посебно внимание на скратените и истегнатите мускули за да ја повратат својата должина односно јачина, затоа што долгите мускули се издржливи и отпорни на повреди и на зглобовите им овозможуваат неопходна слобода на движење. Долгите и јаки мускули работат на долги стази, го штитат телото во текот на целиот ден, додека кратките и силни мускули кои често можат да се видат кај билдерите, можат за многу кратко време да постигнат максимален напор, ама брзо се заморуваат и се склони на повреди.