Техники и опрема
- Вежбање со ластици за обликување на телото претставува начин на вежбање кое вклучува отпор кој ви овозможува на телото да му поставите предизвик. Во програмата се вклучени вежби за оформување, зацврстување на мускулите и кардиоваскуларни вежби.
- Топчинњата за зацврстување се повеке наменски помагала за вежбање. Се користат за подобрување на телесната сила, функционалност на движењето, целокупна мускулна еластичност и подвижност.
- Даската за балансирање е начин на вежбање за стабилност и координација.
- Теговите за вежбање се со максимална тезина од 1кг и нивната намена не е за билдање туку за издолжување - создавање вретенеста форма на мускулите. При вежбање се користат за зајакнување и одржување рамнотежа.
- Пилатес топки - се развива силно и еластично тело и се постигнува психичка стабилност. Издржливоста на топките е 450кг за нормална употреба а ги има во три димензии со радиус од 55 см, 65 см и 75 см. Вежбањето на овие топки е вистинска забава. Со комбинирање на динамични вежби на топка, техники на движењето и опуштање на топка ке го смените квалитетот на животот и здравствената состојба.