Joseph Hubertus-Pilates
|
Пилатесот го добил името по Jozef Hubertus-Pilates (роден 1880 год во Monhengladbah, починал 1967 год New York ). Pilates како дете бил слаб и често болен. Боледувал од рахитис и астма и затоа го осмислил овој метод за вежбање за да го оздрави и зајакне своето осетливо и болно тело.
Инспириран од источните и западните методи на вежбање развил сопствена техника која поради прецизни и контролирани движења што ја карактеризираат, ја нарекол contrology. Додека стажирал во текот на првата светска војна, ги подучувал своите колеги со овој метод што им помогнало и ги одбранило од епидемијата на грип во 1918 година.
Во другата половина од војната PIlates извршувал разни помошни работи во болницата на островот Mano, каде почнал да работи со болните врзани за кревет со тешки телесни повреди. На креветите прицврстувал опруги кои ги придржувале болните додека работел со нив, при што за кратко време докторите приметиле дека болните побрзо задздравуваат и се опоравуваат од тешките телесни повреди.Joseph Pilates го основал првото службено пилатес студио во New York затоа што во 1926 година емигрирал во USA.
|